Евростат објави дека од меѓу јануари и февруари 2022, месецот кога започна војната во Украина, бројот на бегалци од оваа земја во ЕУ е зголемен за пет пати, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во споредба пак со февруари 2021 зголемувањето на барања за азил од страна на Украинци во ЕУ достигнува 85 отсто, покажуваат бројките на официјалниот завод за статистика на ЕУ.

Најголем број барања за азил од деца без придружба има во Германија, Австрија и Белгија.

Првпат вкупно 2.215 деца без придружба побарале азил во земјите на ЕУ. Ова претставува зголемување од 74 отсто во споредба со февруари минатата година, и зголемување од еден отсто со јануари оваа година.

Сепак најголем број барања за азил и натаму доаѓаат прво од Авганистан, потоа Сирија, но и Венецуела и Колумбија.