Според албанскиот премиер Еди Рама, акцијата на косовската полиција на северот е сосема непотребна. Вели дека тоа е опасно и е непотребен пат денес, објави Фактор.
„Дали ова што се случува на Косово го помага процесот во кој сите пријатели на Косово и Албанците се ангажирани во процесот на нормализација и меѓусебно признавање на Косово и Србија“, праша Рама.
Тој додаде дека тоа секако не е така. Припадници на косовската специјална полиција денеска со џипови пристигнаа во зградите на локалната самоуправа во Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан. Косовската полиција интервенираше со фрлање солзавец и шок-бомби врз граѓаните во Лепосавиќ и Звечан, кои се собраа за да ги спречат новите општински градоначалници, избрани на изборите кои Србите ги бојкотираа, да влезат во зградите на локалната власт. Инаку, српските власти ги опоменаа косовските дека нема да дозволат нова „Бура“. И странците ги осудија насилствата на северот.