Сопственикот на српскиот весник „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, е приведен во Белград и пренесен во полициската станица на Вождовац. Инцидентот се случил на само педесетина метри од зградата каде што е сместена телевизијата на овој медиум.

Според информациите, Вучиќевиќ бил пресретнат од страна на полициски службеници кои не носеле униформи. Засега не е познато која точно полициска единица го извршила приведувањето, со оглед на тоа што возилото со кое се движеле полицајците немало службени полициски ознаки.

По запирањето и приведувањето, новинарот и сопственик на медиумот веднаш бил спроведен во просториите на полициската станица Вождовац за натамошна постапка.