Значајно зголемување на случаите во споредба со претходните сезони

Во периодот од 5 до 11 мај 2025 година (19. недела), во Република Македонија се регистрирани 50 нови случаи на грип и заболувања слични на грипот. Ова е за 31,5% помалку во споредба со претходната недела. НО,  истовремено претставува зголемување од 21,4% споредено со просечната бројка за оваа недела од изминатите 14 сезони, информира Институтот за јавно здравје.

Рекорден број заразени со грип оваа зима – најмногу во последните 15 години

Грипот во 2025 со 72% повеќе случаи од лани

Според официјалните податоци, досега во сезоната 2024/2025 се пријавени вкупно 26.005 случаи на грип.  Тоа е зголемување од 72,1% во споредба со истиот период од минатата сезона.  Во однос на долгорочниот епидемиски модел за грип, бројките се повисоки за 24,1%.

 Пет починати лица асоцирани со грип

За жал, сезоната бележи и пет смртни случаи поврзани со грип. Тоа  дополнително ја нагласува сериозноста на ова заболување, особено кај ризичните категории на граѓани.

Апел за внимателност и навремено лекување

И покрај благото опаѓање на бројките оваа недела, здравствените власти апелираат за зголемено внимание, навремена медицинска консултација и доследно следење на симптомите. Вакцинацијата, личната хигиена и избегнувањето на контакт со заболени се клучни мерки за заштита.

Извор: Независен.мк