По шестчасовниот пад на пристапот и конечното закрепнување, Фејсбук им порачa на корисниците – Извинете!

„На огромната заедница луѓе и бизниси низ целиот свет кои се потпираат на нас: жал ни е“, изјавија од компанијата

“Работевме напорно за да го обновиме пристапот до нашите апликации и услуги и ние сме среќни да кажеме дека тие се повторно онлајн сега. Ви благодариме што го издржавте ова со нас”, наведуваат тие.

Се случувашеи  порано апликациите на Фејсбук да „паднат“, но најчесто до максимум од 10 до 15 минути, додека синоќе социјалните мрежи не работеа речиси шест часа.