Седумдесет и три пратеници за 11 месеци минатата година инкасирале 360 000 евра за да ги покријат своите патни трошоци. Од пресметката е одземен август, кога пратениците се на колективен одмор и Собранието не работи.

Како што објави телевизија „Сител“ врз основа на податоците добиени преку барање за информации од јавен карактер, најмногу патни трошоци пријавиле народните избраници СДСМ, поточно 23 пратеници од оваа партија добиле 133 илјади евра. Веднаш за нив се дваесет и три пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои за овааа намена добиле 132 илјади евра.

Сумите за патни трошоци што минатата година ги пријавиле пратениците варираат од 7 800 до 770 000 денари, а рекокордери се Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди. На овие пратеници на сметките им легнале од 706 до 770 илјади денари.