Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 78 возилa од нив се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 332 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 316 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.