Масовна тепачка изби во слаткарница во Центар Жупа. Порталот „Инфомакс“ објави дека според неофицијални информации, до инцидентот дошло откако сопствениците побарале сертификати за вакцинација. Но, засега нема официјални информации за повредени, ниту за причината за тепачката.

Како што пишува порталот, гостите биле револтирани и реагирале насилно, по што сопствениците вратиле со тупаници, а летаа и маси, столчиња и палки.

Кај граѓаните последните неколку денови расте револтот поради мерките на власта со кои се прекршуваат основните човекови права и слободи и се дискриминираат граѓаните. На прототести, кои речиси секојдневно се одржуваат во повеќе градови во земјата им се придружија и угостителите.