Ноќеска во периодот од 03:30 часот до 03:50 часот во СВР Тетово било пријавено грабеж во две банки.

Како што информираат од полицијата, во експозитура од банка во склоп на трговски центар во Тетово, три лица со употреба на сила влегле внатре и одзеле пари.

Петнаесетина минути подоцна, непознати сторители со употреба на сила влегле во експозитура на друга банка во Тетово и од банкомат одзеле пари.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.