Уделот на белците во Америка падна под 60 проценти за прв пат од почетокот на пописот во 1790 година. Според последниот попис, учеството на белците изнесуваше 61,6 проценти.
Според последниот попис, учеството на белците падна од 63,7 проценти во 2010 година на 57,8 проценти во 2020 година. Населението под 18 -годишна возраст сега е претежно обоено – 52,7 проценти.
– Епидемијата на опиоиди и наталитетот понизок од очекуваниот по Големата рецесија го забрза падот на белата популација. Ако им кажевте на луѓето пред 20 години дека ќе биде така, тие нема да ви веруваа. Земјата се менува драматично, коментира демографот Вилијам Фреј од институтот Брукингс.
Новите податоци, исто така, покажуваат дека населението во Соединетите држави пораснало за 7,4 проценти во последните десет години, на 332 милиони, што е побавно од која било деценија, освен онаа во 1930 -тите, пишува Вашингтон пост.
Најголем раст е забележан кај Хиспанците, кои го удвоиле својот удел во последните три децении на 62,1 милиони луѓе, или 18,7 проценти.
Азијците, кои сочинуваа околу 3 проценти од населението во 1990 година, исто така, го удвоија своето учество и сега се 6,1 проценти, додека уделот на популацијата со црна кожа остана на 12,1 проценти.