Турист од Швајцарија пријавил во полиција дека бил измамен од таксист во Скопје, откако му била наплатена енормна сума за кратко возење.
Според пријавата, 43-годишниот патник користел такси-превоз од центарот на градот до Средно Водно, при што возачот му наплатил дури 7.800 денари. Откако реагирал дека цената е превисока, таксистот станал агресивен и го напуштил местото, пренесува ТВ Стар.
Инцидентот повторно го отвора прашањето за нерегулирани такси услуги и заштитата на туристите во главниот град.
