– Минатата година беа пријавени 1.578 кривични дела за семејно насилство, а жените на возраст од 45 до 55 години се со најголем ризик, изјави министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
Тој додаде дека ќе ја фокусира дополнителната енергија на виртуелна злоупотреба, говор на омраза и насилство преку интернет, против сите форми на дискриминација, сексуално насилство и трговија со жени и деца.
Според полициските статистики, семејното насилство најчесто се случува кон средината на неделата, во среда, и според образовниот статус на сторителот, 61,64 проценти имаат завршено средно училиште, 21,92 проценти имаат основно училиште, додека 16,41 проценти се високообразовани.
Индикаторите покажуваат дека во првите осум месеци годинава, вкупниот број случаи на семејно насилство е намален за 16,7 проценти во споредба со истиот период минатата година, но истовремено бројот е зголемен за 14,7 проценти во споредба со претходната година.