Поради влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на Ковид-19, а по препорака од надлежната комисија, Закинтос и Ханија од петокот се во црвената зона, кога беа воведени рестриктивните мерки до 13 август, а денеска се продолжени до среда наутро.

Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција потсетуваат дека забрането е и организирање на секаков вид собири на над 20 лица во приватни простори, а во спротивно, предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 3.605 нови случаи, починаа 20 лица, а 240 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници.