Одложувањето ќе им даде на авиокомпаниите и на поединците повеќе време да се подготват, рече Шпан, пренесува ДПА.
Досега тестирање беше задолжително само за патниците кои доаѓаат од земји со висока стапка на зараза. Но од вторник стапува во сила задолжително тестирање за сите, а трошоците за тоа ќе ги сносат патниците.
Германија се обидува да да го сузбие тешкиот, трет бран на коронавирусни инфекции, кој главно се состои од позаразните, увезени, варијанти на вирусот.