На граничните премини „Табановце“ (кон Србија) и „Богородица“ (кон Грција) попладнево се бележат задржувања од околу 20 минути за влез во Македонија, информира Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од другите гранични премини нема подолги задржувања, како за влез, така и за излез од државата.

За ГП „Табановце“ и „Богородица“ за влез во државава се чека повеќе од еден час

Исто така, интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е умерен, со нормален проток на возила. Возачите се советуваат да бидат трпеливи и да ги следат информациите од надлежните институции.

Извор: Миа