Тој рече дека може да побара од Министертсвото за внатрешни работи, тоа што е дел од круг кај нив, како орган под состав на Владата да го објават да го соопштат до граѓаните затоа што поминуваат неделите и треба да се даде соодветни одговори.
– Прво за граѓаните, а втора и за нас како Влада за да ги носиме соодветните одлуки. Знам дека во делот на форензиката, истражувањето и вештачењето што МВР го направи е доставено до ЈО и од тој аспект ќе очекувам во следните денови да се објави од страна на МВР деталите од таа форензика. А ЈО можат и понатаму да си продолжат со истрагата, да утврдат и други аспекти кои што треба, но одговорот на прашњето од што е настанат пожарот, како тоа се случило и сите поврзани детали се до моментот на настанување на пожарот очекувам да бидат јавно објавени за да можат да знаат граѓаните, јавноста, но и тоа е основот за да донесам одлука во врска со понудените оставки од министерот и заменик министерот, рече Заев.