Заев потенцира дека Светскиот ден на свесноста за аутизмот е ден кога ги афирмираме и славиме инклузивноста на лицата со аутизам.
– И оваа година Светскиот ден на свесноста за аутизмот, го одбележуваме за време на здравствена криза којашто лицата со аутизам ги прави посебно изложени на закани и последици од коронавирусот. Ова е ден и кога гласно говориме за почитување на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата со посебни потреби кои остануваат наша одговорност и во овој период во кој заради заштита од КОВИД-19 го адаптиравме нашето секојдневие на нетрадиционални начини на работа и учење и кои мора да бидат еднакво достапни за сите луѓе, со посебна грижа за лицата со аутизам. На Светскиот ден на свесноста за аутизмот, ве повикувам да се поддржуваме едни со други и да покажеме солидарност со лицата со аутизам, напиша премиерот Заев на објавата на Фејсбук.
Светски ден на свесноста за аутизмот
Денеска е Светски ден на свесноста за аутизмот, ден кога ги афирмираме и славиме инклузивноста на лицата со аутизам. 🧩
И оваа година Светскиот ден на свесноста за аутизмот, го одбележуваме за време на здравствена криза којашто лицата со аутизам ги прави посебно изложени на закани и последици од коронавирусот.
Ова е ден и кога гласно говориме за почитување на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата со посебни потреби кои остануваат наша одговорност и во овој период во кој заради заштита од КОВИД-19 го адаптиравме нашето секојдневие на нетрадиционални начини на работа и учење и кои мора да бидат еднакво достапни за сите луѓе, со посебна грижа за лицата со аутизам.
На Светскиот ден на свесноста за аутизмот, ве повикувам да се поддржуваме едни со други и да покажеме солидарност со лицата со аутизам.
#WorldAutismAwarenessDay #AutismAcceptanceMonth
Posted by Zoran Zaev on Friday, April 2, 2021