– Ако јас одлучам да не ја примам вакцината и сепак влегувам во простор кој што е повеќе од 30 луѓе ги ризикувам сите останати 29 луѓе да бидат заразени од мене. Грижата на државата е во колективното здравје. Апелирам да се вакцинираме затоа што тоа е единствениот начин засега да ја победиме пандемијата и да се вратиме на нормалниот живот. Вакцините сите се здрави и се потврдени секаде низ светот. Америка веќе почна со давање на третата доза на тие со намален имунитет. Ги следиме меѓународните експертски поставености околу вакцинирањето и дефинитивно треба да се однесуваме како останатиот дел од светот, изјави премиерот Заев, при увидот на активностите за реконструкцијата на патниот правец Кривогаштани-Житоше

Воедно, премиерот истакна дека државата има доволна количина на вакцини.