Заев, се вели во соопштението, во разговорот ја поздрави заложбата на Естонија како вреден партнер и поддржувач на нашата интеграција во Европската Унија, како и во процесот на зачленување на Северна Македонија во НАТО и се заблагодари за силната и гласна поддршка за започнување преговори за пристапување.

Заеднички заклучок од средбата на премиерот Заев со премиерката Калис е дека Самитот на ЕУ за Западен Балкан треба да испрати посилни пораки до граѓаните за поддршка за аспирациите на земјите од регионот за пристапување во Европската Унија, се вели во соопштението.

Заев, исто така, се заблагодарил за прифатената поддршка на Естонија за споделување на своето искуство од дигитализацијата со Северна Македонија, за што двете земји го одобрија склучувањето на Меморандум за разбирање меѓу Секретаријатот за европски прашања и Естонскиот центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување.