Зоран Заев катастрофално ќе изгуби на наредните локални избори. Криминалната коалиција СДСМ и ДУИ носи само уназадување, стагнација, пропаст на економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Коалиција заради која секој ден се повеќе млади ја напуштаат државата, секој ден се затвораат по 10-тина фирми и остануваат по стотици луѓе без работа.

Потрошени и неспособни кадри за кандидати за градоначалници на СДСМ. Во изборот на СДСМ за кандидати се криминалци, неспособни, малтретирачи на жени, шверцери на цигари. СДСМ и ДУИ може да се пофалат само со ликови кои знаат и умеат со криминалот.

Почнувајќи од неработникот Петре Шилегов па завршувајќи со малтретирачот на вработени Ацо Велковски се предлозите на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Граѓаните видоа колку се неспособни пред само неколку дена, кога пола Македонија беше во пламен, а Заев, неговите министри и градоначалниците уживаа и одмараа на плажите во соседството.

Со секое појавување на Заев пред јавноста и со секој негов настап последниве денови се качува бројката на мигранти кои ќе ги згрижи Македонија.
Ќе го добие Зоран Заев одговорот од граѓаните за многу брзо. Заев, Филипче, Шилегов и останатата банда од криминалци ќе бидат казнети на 17-ти октомври, потенцираат од партијата.