Веднаш по поднесувањето на иницијатiвата, Талат Џафери, претседателот на Собранието, закажа собраниска седница за в четврток во 11 часот на која ќе се расправа за барањето потпишано од 61 пратеник. Според Деловникот на Собранието, расправата за доверба на Владата треба да заврши истиот ден, најдоцна до полноќ со гласање за смена на Владата.

Пред осум дена, на 31 октомври, по завршување на локалните избори, премиерот Зоран Заев соопшти дека поднесува оставка на премиерската функција и дека се повлекува од лидерската позиција во неговата партија СДСМ, но тоа писмено сѐ уште не го стори.