Заев рече дека нема никаков проблем да си подаде рака со политичкиот опонент, а Мицкоски нагласи дека е прв од актерите на политичката сцена кој најавил позитивна кампања со проекти и политики важни за граѓаните.
-Мора да се согласиме дека сепак, за граѓаните е најважна иднината. Да си подадеме рака за фер и демократски избори, истакна Заев.
Мицкоски посака на изборите да има услови за фер и демократско изразување на граѓаните.
-Немам проблем да ветам фер и демократска кампања, но тоа не е дел од одговорноста на опозцијата зашто власта е организатор на изборите.Да не се случи тоа од 2020 година, ниту од „Бетовенова“, туку да има слободно, фер и демократско изразување.