– Веќе сум кажал дека Република Северна Македонија пред влезот во ЕУ ќе го отвори Уставот и ставот е да бидат впишани сите помалубројни народи како бугарскиот и хрватскиот на пример. Ако сакаме да бидеме членка на ЕУ треба да имаме европски устав како што е хрватскиот, одговори Заев.
По средбата со Јанев, Заев замина на средба со претседателот Румен Радев, а со државните лидери ќе се сретне и вечер на вечерата организирана за македонската делегација.