Премиерот им се заблагодари на сите наши навивачи.
– Европа знае, Европа виде – 🇲🇰 е тука, гласна, силна, на терен и на трибини. Еден тим, една држава, едно општество, додава Заев.
Тој се заблагодари и до УЕФА, за, како што напиша, одличната организација и за професионалниот однос кон нашата репрезентација.
– Се вложивме сите во спортот, навивавме заедно, се исправивме против омразата. Покажавме заедништво и обединетост. Од сѐ срце упатувам честитки до сите македонски репрезентативци за радоста и гордоста што ни ја приредија. Нека пласманот на ова Европско првенство биде само почеток на многуте интернационални успеси, напиша Заев.