Како што соопшти владината прес-служба, во писмото, како и во телефонскиот разговор во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев на својот косовски колега му посака успех во извршувањето на одговорната функција и го изрази задоволството од пријателските односи меѓу Македонија и Косово.
-Нашата соработка се остварува низ отворен политички дијалог, заснован на меѓусебно уважување и почитување, низ интензивна економска и трговска соработка, тренд кој очекуваме да продолжи со несмален интензитет и во наредниот период што ќе овозможи продлабочување на вкупната соработка и во други области од взаемен интерес, стои во писмото од Заев до премиерот на Косово.
Заев, се посочува, во писмото истакнува дека е уверен оти политичкиот дијалог и соработка ќе продолжат со несмален интензитет и со посебен акцент на европската и евроатлантската соработка и со меѓусебна поддршка, консултации и размена на искуства за натамошен прогрес во реализирањето на стратешките цели на двете земји. Се изразува надеж за скорешна средба на двајцата премиери.