Од страна на Николоски беше прашан дали поседува записник дека го пријавил случајот „Рекет“ кај Обвинителството.
Заев рече дека претходно го споделил и терминот кога бил кај Рускоска и државниот обвинител Љубомир Јовески и оти тоа го направил после средбата со бизнисменот Орце Камчев.
– Не поседувам записник ниту службена белешка, ако имав нема зошто да не го објавам. Не лажам, рече Заев.
Заев го тужи Николоски за изјавата дека тој се наоѓа на врвот на криминалната пирамида во случајот „Рекет“. Николоски се застапува самиот, без адвокат.