Тој напомена дека за време на паузата од средбата, се консултирал со претседателите на државата и на Собранието, со министерот за правда и со владините партнер Али Ахмети и со Билал Касами по што паднал договор за сите теми.

– Се согласивме и дека имаме стабилно и сигурно мнозинство и дека одговорноста е и на власта и на опозицијата., секако повеќе на власта. Мене ми е драго дека Мицкоски покажа доблест за одблокирање на Собранието, како што ние имавме доблест да го одложиме пописот. Предложивме од 1 мај да почне пописот, па од 15 мај, тврдењата беа дека треба и втора доза од вакцината и го прифативме барањето на ВМРО-ДПМНЕ, изјави премиерот Зоран Заев по тет-а-тет средбата со Мицкоски.

Тој рече дека постигнале договор заради имунизција на населението и на попишувачите да го одложат пописот од 5 до 30 септември и локалните избори за во втората половина на октомври.

– Информирав за набавка на 350.000 вакцини до крајот на април, го прифативме предлогот на Мицкоски за сите да повикаме на попишување на граѓаните и за пописот да има консензус. Кампањата за локалните избори ќе поичне по 30 септември и во втора половина од октомври да биде првиот круг од локалните избори. Одблокирањето на Собрсанбие е многу важно заради петиот пакет мерки, за Клиничкиот цента, законите за АВМУ и МРТ, законот за двржавјанство, шесте закони за пензионирање со 64 години и подршка за сите закони кои се од европската агенда и подршка во време на пандемијата, изјави Заев.

Тој рече дека уште утре ќе влезе Изборниот законик во делот за отисок од прст во Собранието, како и да продолжат разговорите за претстојните локални избори за отворени листи, за избор на градоначалник во прв круг и за парламентарните избори за една изборна единица и дијаспората да може да гласа на други гласачки места освен во декапеата. Заев додаде дека сето тоа е координирано со најголемите коалициски партнери во Владата и дека испратиле порака дека ова не е договор само на најголемите партии.

– Верувам дека во среда ќе разговараме за државјанствата со Алтернатива и со Алијансата за Албанците се со цел власта да покаже доблест за разумните барања на опозицијата, рече Заев.