Тој уште еднаш повтори дека бугарското вето на нашите преговори со ЕУ се одрази негативно во целиот регион.
– Нашиот напредок кон ЕУ првенствено треба да зависи од нашите реформи. Сепак, ние ќе ги интезивираме преговорите со Бугарија и досега покажавме неспорен интерес за тоа. Од Бугарија пристигнуваат сигнали за разбирање за идентитетските прашања, рече премиерот во својот говор на заедничката прес-конференција.