На меѓународен план ја вративме државата на вистинскиотм пат, ги решивме отворените прашања со соседите и да го зацврстивме македонскиот идентитет, станавме 30 земја членка на НАТО, се вративме на патот на интеграција кон ЕУ. Дома, ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, го подигнавме животниот стандард на граѓаните, реализираме капитални инвестиции што го унапредуваат квалитетот на живот. На локално ниво инвестиравме во проектите што живот значат за општините и граѓаните. Изградивме и реконструиравме над 1.000 километри патишта. Изградивме 60 детски градинки, реконструиравме, изградивме нови 80 училишта, 34 болници, 20 домови на култура, театри, општински згради, изградивме објекти и проекти вредни повеќе од 500 милиони евра“ истакна Заев.

Претседателот Заев посочи дека СДСМ се посветува на помош на општините и силни инвестиции во инфраструктурата.

Општините беа во долгови до гуша, ги раздолживме со 50 милиони евра и заеднички реализиравме над 7.000 локални проекти. Инфраструктурата е моторот на економскиот развој.Затоа, во изминативе 4 години посебна грижа водевме за локалните патишта и инфраструктурата во општините.

Преку Проектот за локални патишта, којшто е дел од тековната соработка со Светска банка и се спроведува преку Министерството за транспорт и врски, седумдесет милиони евра беа наменети да се распределат на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа. Со оваа директна помош од 500.000 евра до 2 милиона евра по општина, силно инвестираме во локалната инфраструктура во општините.

Со средства во вредност од 100 милони евра поддржани се сите општини во државата за изградба на подобра инфраструктура за водоснабдување и пречистителни станици. Овој проект ќе продолжи и во иднина преку Министерството за животна средина, со дополнителен фонд средства за поддршка на унапредување на локалната инфраструктура“ порача претседателот Заев повикувајќи ги граѓаните на 17 октомври да гласаат за број 12, за кандидатот Томе Христовски и советничката листа предводена од Андреј Николоски.