Зоран Заев поседува златна виза во Дубаи, но ја повикуваме неговата верна сенка и чувар на лидерското столче во СДС, Венко Филипче, да објасни дали тој поседува иста таква виза, велат во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед на тоа што ова е документ кој се добива со инвестиција, која е од неколку милиони, прашањето е колку милиони однесе во Дубаи Венко Филипче?

Дали тоа е ќарот од ковид кризата, и криминалот направен во тоа време?

СДС да одговори прецизно, дали Филипче има златна виза и како ја добил?

Очекуваме конкретни одговори.

СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства, стои во соопштението на партијата.