Премиерот Зоран Заев досега откако државата се справува со КОВИД-19 и економската криза ниту еднаш не го свика овој Совет, но оддеднаш пред Први мај одржа состанок.
Имено на состанокот премиерот Зоран Заев на седницата на Економско-социјалниот совет говореле за изнаоѓање на решенија за зачувување на работни места и за заштита и унапредувањето на работничките права.
По година дена од бурна криза, која се уште трае има оставено над 60.000 граѓани без работа, над 6.200 компании се затворија, а скоро половина милион граѓани се на прагот на егзистенција, а правата секојдневно на работниците брутално се кршат. Токму овие податоци говорат дека можеби и состанокот на премиерот Зоран Заев е доста задоцнет со овој Совет. Можеби да имаше состанок со овој Совет многу порано можеби бројките на невработени и затворени комапнии ќе беа помали.
-Срамота, ова е понижување. Ние додека немаме пари за леб, тој ни продава лаги дека ќе има зачувување на работни места. Како? Еве, јас и сопругата сме без работа, без здравствено осигурување, нема кој да ни помогне. Работата не е само за сликање и за телевизија, вели револтиран граѓанин.
-Пола држава се затвори, секое семејство веќе има по еден невработен член, а тој ми говори за зачувување на работни места, срамоте. Премиерот ме разочара! Се што вети за жал беше лага, коментира граѓанин.
И додека граѓаните се разочарани од политиките на премиерот Зоран Заев и неговата Влада, тој ги убедува граѓаните дека се е во ред, државата се движи во одлична насока.
-Суштинскиот и солидарен дијалог не изостана изминатите 12 месеци. Напротив може да кажам дека доби на интензитет и ја покажа сета потреба за учество во справување со кризата предизвикана од пандемијата. Освен здравјето на луѓето кризата се закани да ги загрози илјадниците работни места. Затоа на прво место на економските приоритети на Владата уште од почеток на пандемијата беше низ дијалог на работниците и компаниите да им се даде поддршка за да се сочуваат стотици илјади работни места, рече премиерот Заев на прес-конференцијата по седницатана ЕСС.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по состанокот ги уверуваше граѓаните дека зачувувањето на секое работно место и почитувањето на работничките права е приоритет на Владата, но и водилка во разговорите со економско-социалните партнери, затоа што, како што рече, сечиј труд е важен. Тоа, нагласи таа, било приоритет и сега во услови на криза.
Но, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ секојдневно со своите соопштенија вели дека економската состојба во државата не е нималку сјајна како што ја прикажува премиерот Зоран Заев, а за тоа потврдуваат и страотните бројки на невработени граѓани и затворени компании.
-Стопанствениците и работниците во Македонија немаат доверба во економските политики на владата на Заев. Оваа влада е најлоша за бизнис секторот и работниците.Економското расположение во Македонија во март 2021 година е најниско во Европа. Тоа го покажуваат податоците од индикаторот за економско расположение (ESI – economic sentiment indicator) којшто го изработува Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија. Неговата цел е да го следи растот на БДП на земјите-членки, на ниво на ЕУ и еврозоната, и на земјите кандидат – членки, пишува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.