Заев рече дека ќе биде исполнето барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и попишувачите ќе влезат во првата категорија на граѓани кои ќе се вакцинираат со дозите кои треба да се примат само еднаш.
-Информацијата ја знаевме два -три дена пред да објавиме, тоа е првиот чекор на масовната имунизација, се прима една доза, овие денови и другите количини ќе пристигнат по други механизми за рамноправно покривање на теренот. Можевме да согладаме предност и слабости од земјите пред нас, а вакцините се здрави и час поскоро ќе ја победиме оваа грозна пандемија. приоритет секако ќе бидат и попишувачите, рече Заев денеска во Делчево.