Тој нагласи дека во овие четири години со посветена и напорна работа државата се развиваше на меѓународен, а општините на домашен план.
– А постигнавме многу! И на централно и на локално ниво! Државата ја вративме на исправниот пат, ставивме крај на режимот, направивме позитивна трансформација на институциите кои денес работат во служба на граѓаните. На локално ниво ставивме крај на локалните шерифи, општините ги отворивме и им ги вративме на граѓаните и силно инвестиравме во нивниот развој, нагласи Заев.
Тој потенцираше дека како никогаш досега претходно не се инвестирало толку многу во проекти важни за локалниот развој важни за граѓаните, како што тоа го прават централната и локална власт во овие изминати четири години.
– Реализиравме над 7 илјади проекти во сите општини, проекти коишто секојдневно го менуваат животот на граѓаните на подобро, над 2.000 од нив се тука во Градот Скопје и скопските општини и затоа ќе победиме на овие избори, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев.