Од НОБ и АСНОМ, чијшто учесник беше, и за време на неговите два мандати како претседател во најважните мигови за создавањето на самостојната македонска држава, претседателот Глигоров речиси половина век беше во врвот на нашата политика, додава Заев.
Според него, под мирната рака и водство на Глигоров, и покрај сите предизвици, го чекоревме цврсто и непоколебливо нашиот пат кон светската заедница на независни, прогресивни и демократски држави.
Од неговите политики и јавни настапи ќе бидат запаметени многу искажани визии како онаа од претседателскиот инаугуративен говор на 27 јануари 1991 година: „Ќе бидеме разбрани и почитувани, а нашите интереси респектирани од светот доколку се развиваме како демократско општество, способно да ги уредува внатрешните односи по мирен пат, развивајќи секој вид толеранција – верска, национална, политичка. Ние живееме на балканските простори, на кои се испреплетени многу народи. Секој сака да ја сочува својата самобитност, својата историја и национален дух, а тоа е можно само низ висок степен на разбирање и толеранција и без било каков обид да се загрози соседот, просторите на кои живее и неговите длабоко всадени корени, пишува Заев.
На денешен ден е роден Киро Глигоров (1917-2012), еден од великаните на современата историја на нашата земја и на…
Posted by Zoran Zaev on Monday, May 3, 2021
Денес, со својот придонес, поранешниот претседател Киро Глигоров, е дел од остварените стратешки цели на нашата земја. Република Северна Македонија е суверена и самостојна земја, членка на НАТО, земја која ги и исполни највисоките критериуми за слобода, демократија и владеење на правото и го очекува стартот на преговорите со ЕУ. Просперитетна земја, која оди напред и отвора нови можности за нејзините граѓани, стои во објавата на премиерот.