– Значи ова е крајно неодговорна, најнеспособна и крајно корумпирана влада предводена од Филипче и Заев. Овие луѓе здравствениот систем го доведоа да стане дисфункционален, кој што последните денови гледаме зголемена е бројката како на новозаразени, така и бројот на починати, и веќе во ниедна болница не може или пак тешко се наоѓа место за да може да се хоспитализираат болните од КОВИД-19, рече Оливер Зафировски во утрешното гостување на Радио Лидер.
Зафировски додаде дека ова се што се случува со здравствениот систем претставува голема траума. Зборовите на Венко Филипче дека се е под контрола се демантирани во оваа ситуација, бидејќи бројката на починати и заразени излегува од контрола во државата.
– Како за пример би посочил еве една Белгија која што има 12 милиони жители има пред некој дена 26 починати, а Македонија која што е шест пати помала има 29 или 30 починати. Бројката на починатите секој ден се повеќе и повеќе се зголемува, истакна Зафировски.
Зафировски посочи дека покрај здравствената криза граѓаните во Македонија се соочуваат и со економска криза, се повеќе граѓани ги губат своите работни места, или пак платите не стигнуваат за да се протера еден месец.