Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова за МИА изјави дека 43-годишниот К.Ц е пронајден околу 21.50 часот во близина на приградската населба Стар Караорман, а од семејството било изјавено дека починатиот кон нивата се упатил околу 16 часот.

На местото на несреќата излегле полициски службеници, јавен обвинител, Итна медицинска помош и пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Штип. Лекар од Брзата помош на местото констатирал смрт, телото на починатиот е предадено на семејството.