На 23.07.2024 во 06.55 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на место викано „Цигански рид“ во Виница, В.М.(60) од с.Градец, виничко, додека управувал трактор „масеј фергусон“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.М., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Кочани телото на починатиот било дадено на обдукција.