Вчера на земјен пат во атар на с.Кременица, битолско, Ж.Р.(63) од с.Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Од здобиените повреди возачот загинал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.