Граѓаните на Загреб, по оние во Париз и Амстердам, се трети најранливи на топлотен удар, покажува истражувањето на угледното медицинско списание „Лансет“.

Покрај климата, на драматичните резултати за Загреб и остатокот од Хрватска влијаеле и социоекономските, инфраструктурните и здравствените услови.

Истражувањето опфати 854 градови од сите земји-членки на ЕУ, како и Норвешка, Швајцарија и Обединетото Кралство.