Владата често се фали со зголемената просечна плата, која веројатно ќе скокне уште повисоко, по историскиот скок на платите на политичарите и функционерите во Македонија, но наспроти тоа дури 306.943 работници во државава земаат плати пониски од 30.000 денари.
Државниот завод за статистика пресмета, а Владата се пофали дека просечната нето-плата во март оваа година е 34.925 денари.
Овој износ е далеку од потребите за задоволување на минималната синдикална кошничка за четиричлено семејство, за која Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за април 2023 изнесува 49.384 денари.
Како што објави еконосмкиот портал Пари, процентуално пресметано ова значи дека 59 отсто од вработените се за 4.925 денари под просекот за нето-плата што го пресмета Државниот завод за статистика.
Целата статија за „сармата, месото и расолот“ со македонските плати може да ја прочитате ТУКА.