-Пред четири години, Грција беше виновна за Скопје, две години подоцна беа виновни уште две земји – Холандија и Франција, сега е виновна Бугарија. Скопје не треба да бара причини од надвор за недостаток на реформи во земјата, рече поранешниот министер за надворешни работи.
На прашањето дали Бугарија треба да реагира ако малку луѓе се изјаснат како Бугари на пописот, со оглед на тоа што 120.000 луѓе од РСМ зеле бугарски пасоши по потекло, Захариева рече дека откако Бугарија реагирала на серија случаи на кршење на човековите права на лица со бугарската самосвест, има луѓе кои веќе даваат писмени сигнали, иако стравот сè уште постои.