„Вреди“ најавува трансформација

Со реализација на проектот „Преминуваме на дела“ коалицијата „Вреди“, најавува трансформација на политичката култура во земјава. Кадровски решенија без политички багаж преку, како што велат од „Вреди“, ќе спроведуваат политички за враќање на довербата во судството, економски развој.

Најавено укинување на балансерот

Изет Меџити кандидат за заменик-претседател на Владата и министер за екологија истакна дека правата на Албанците се загарантирани во Уставот, а најави укинување на балансерот и закон за правична застапеност.

Касами останува градоначалник

Касами од БЕСА останува градоначалник на Тетово, тој најави жестока борба со криминалот и корупцијата, и како што рече вистинска децентрализација на општините.

За Бекир Сали, потпретседателот на Алтернатива, новите политики ќе придонесат за излегување од летаргијата на албанското население.

Таравари најавува големи реформи

Идниот министер за здравство, Таравари, најави гаснење на „пожари“ во неговиот сектор и разрешување на речиси сите економски директори.

Спремни за влез во Влада

ВМРО-ДПМНЕ како свој партнер одбра да коалицира со Вреди, а веќе викендов се гласа новата влада.

Од коалицијата „Вреди“ очекуваат аргументирана, демократска и позитивна собраниска расправа за избор на новата Влада.