Законот за кредитот од Унгарија во висина од 500 милиони евра, ја помина расправата во комисијата за финансирање и буџет, а претседателот Африм Гаши закажа седница за во вторник.
Со Комисијата претседаваше пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателката на Комисијата Сања Лукаревска од СДСМ не ја заклажа седница во предвидениот рок од 24 часа, поради тоа што на тој начин сакаа да го блокираат законот. Пратениците од СДСМ не учествуваа на расправата во комисијата.
Како што стои во Предлог-законот, заемот ќе се повлече во една транша, а рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години. Каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25% а ќе се плаќа провизија за неповлечени средства во висина од 0,5% од заемот на годишно ниво. Кредитот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година.
СДСМ реагира што законот се носи по скратена постапка и без дебата.