Причини и фактори кои го предизвикуваат замастувањето на црниот дроб

Замастениот црн дроб е чест здравствен проблем кој се јавува кога во овој орган се таложат вишок масти. Причини можат да бидат прекумерното пиење алкохол, дебелина, дијабетес тип 2, но и хормонски, генетски фактори или високи триглицериди.

Клучот за справување со проблемот е правилната исхрана, а во комбинација со препишана терапија од лекарот, може значително да се подобри состојбата.

Храна која помага

Кафе: Умереното пиење кафе (до 3 шолји дневно) може да го намали ризикот од замастен црн дроб.

Лиснат зелен зеленчук: Спанаќ и слични видови го намалуваат ризикот, особено ако се свежи.

Мешунки: Леќа и наут помагаат да се намали шеќерот и триглицеридите во крвта.

Риба: Лосос, туна и слични риби со незаситени масти ја намалуваат маснотијата во црниот дроб.

Храна богата со влакна: Овошје, зеленчук и интегрални житарици го подобруваат нивото на триглицериди.

Јаткасти плодови: Ореви и други јатки ги намалуваат воспаленијата и го поддржуваат здравјето на црниот дроб.

Куркума: Куркуминот може да го намали оштетувањето на црниот дроб.

Незаситени масти: Авокадо, маслиново масло и путер од јатки го штитат органот.

Лук: Свеж или во суплементи помага во регулирањето на маснотиите и телесната тежина.

Храна која треба да се избегнува

Алкохол: Главен фактор за замастен црн дроб.

Пржена храна и храна со додаден шеќер: Ја зголемуваат маснотијата во црниот дроб.

Многу сол: Прекумерниот натриум го зголемува ризикот.

Бел леб, ориз и тестенини: Подобро е да се консумираат интегрални варијанти.

Црвено и преработено месо: Содржи заситени масти и сол, што го оптоварува црниот дроб.

Совет: Фокусирајте се на свежа храна, растителни извори на протеини и умерена консумација на кафе и здрави масти. Овие промени можат да помогнат црниот дроб да остане здрав и да ја подобрат целокупната метаболичка функција.