Украинското Државно истражно биро објави дека го привеле заменик-градоначалникот Херсон под обвинение за соработка со Русија.
Весникот „Украинска правда“ го идентификуваше уапсениот како Владимир Пепел. „Службениците на ДИБ во тесна соработка со обвинителите го приведоа заменик-градоначалникот Херсон. Тој е обвинет за колаборационизам“, соопшти бирото на својот профил на Телеграм.
На уапсениот му се заканува затворска казна до 12 години доколку биде прогласен за виновен.