На 21.09.2026 во 23:15 часот во ОВР Гостивар, Ј.А.(45) од село Равен пријавила дека нејзиниот сопруг А.А.(60) околу 07:00 часот заминал на работа во Гостивар и не се вратил дома, ниту одговарал на телефонските повици.
По преземени мерки и активности, на 22.09.2026 година во 00:20 часот, А.А. бил пронајден починат на фудбалскиот стадион во село Равен, а во непосредна близина била пронајдена моторна пила.
Смрт констатирал лекар од Ургентниот центар Гостивар, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, лекар по судска медицина, увидна екипа од ОВР Гостивар и Територијалната противпожарна единица Гостивар.
