Патем, џипот е во сопственост на фирмата „ГБЦ системи“, регистрирана за трговија на мало со аудио и видеоопрема, чиј единствен газда е Игор Христов, кој е меѓу осомничените за набавката на софтверот, а според Обвинителството, како надворешен соработник, пренесувал информации за текот на тендерот.

Рашковски го ангажирал Христов како хонорарец за одржување информатички системи во Генералниот секретаријат на Владата и неколку пати му го продолжувал ангажманот и му го зголемувал хонорарот,пренесува „360 Степени“.