Косовски автобус специјално бил модифициран за криумчарење облека

Царинската управа открила дека автобус со косовски регистарски ознаки, кој врши редовен превоз на патници на релација Истанбул-Приштина, бил специјално конструиран и прилагоден за криумчарење стока.

Познати брендови биле запленети. Повеќе може да погледнете од нивното соопштение.

„Запленети се повеќе од 500 парчиња облека со ознаки на познатите брендови ‘Ралф Лаурен’ и ‘Лакоста’, бидејќи постои сомневање за нарушување на правата од интелектуална сопственост,“ соопштија од Царинската управа.

Шверц на брендови во камион од Турција

Во друг случај, цариниците заплениле 75 комплети тренерки со логоа на заштитена трговска марка.

„Тренерките биле пронајдени во камион со турски регистарски таблички, натоварен со стока од Турција наменета за косовски увозник,“ наведуваат надлежните.

(ВИДЕО) Бобан Николовски: Царина во 2024 година наплатила 121 милион евра повеќе во однос на 2023 година

Царинската управа на Република Македонија во последните 7-8 месеци докажува дека не соработува со никого. Нема хипотеки према никого и фактите тоа го покажуваат, рече Николовски за Радио Лидер.

Обид за внесување вредна опрема без царина

На граничниот премин Табановце, во автомобил на влез во државата, биле пронајдени фотоапарат ‘SONY A7III’ со објектив ‘SONY FE24 MM F1.8GM’ и гејминг компјутер ‘AORUS’, со вкупна вредност од 345.000 денари.

„Опремата била оставена на задното седиште на возилото и не била пријавена за царинска контрола,“ информираа од управата.

Шверц на автоделови на граничниот премин Ново Село

На граничниот премин Ново Село, македонски државјанин, кој управувал товарно возило со норвешки регистарски таблички, се обидел да прошверцува автомобилски делови.

„При детална контрола, во товарното возило биле откриени четири алуминиумски бандажи и пар фарови за товарно возило, кои биле скриени со цел да се избегне царинење,“ додаваат од Царинската управа.

Претходната недела директорот на Царинска управа, Бобан Николовски гостуваше во Радио Лидер. Неговото гостување може да го погледнете на нашиот Јутуб канал.