Дрогата била спакувана во 134 пакети и била наменета за продажба во српските градови.
Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин истакна дека секоја заплена на наркотици е голем успех и победа за полицијата. Тој додаде дека нема да биде легализирана марихуаната во Србија.
– Искрено се залагам продажба на дрога на малолетни лица да се санкционира и третира како обид за убиство, посочи Вулин.