Мета понатаму рече дека иако е прислушуван нема што да се крие.

– Бев во авион и му се јавив на Ручи да ги откаже локалните избори на 30 јуни. Немав време за лидерска средба со партиите и мислев да разговарам само со Ручи. Се разбира, не му кажав се зашто ми се прислушува телефонот. Прислушуван од сите, домашни и странски тајни служби. Но, јас немам проблем со тоа. Горд сум што немам што да кријам,изјавил Мета.

Тој зборува за односите со опозицската Демократска партија, кога бил лидер на Движењето за социјалстичка интеграција, кога им обезбедил победа на демократите, во 2005 и 2009 годна.

– Имам врска со ПД затоа што сум еден од првите 30 студенти на декемвриското движење, но немам обврска да ја донесам ПД на власт доколку таа не сака. Илир Мета нема должност секогаш да ја носи Демократската партија на власт. Немам должност да ги решавам грижите на Демократската партија, вели тој.